Колкав раст и прогнозира ММФ на Македонија?
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 2016 година и 2017 година за македонската економија прогнозира раст од 3,6%.
ММФ ова го објави во својата најнова проекција објавена на Пролетните средби на оваа финансиска институција и Светската банка во Вашингтон.
Оваа прогноза е за 0,4 процентни поени повисока отколку последната прогноза на Фондот од октомври лани.
На Пролетните средби на ММФ и Светска банка што неделава се одржуваат во Вашингтон присуствува делегација од Народната банка предводена од гувернерот Димитар Богов, додека пак министерот за финансии, Зоран Ставрески кој што секоја година беше дел од овие средби, годинава не заминал.
ММФ по трет пат ја намали прогнозата за глобалниот раст, од 3,4% на 3,2 %.
Слично
