Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкав промет е остварен на Македонската берза?

Колкав промет е остварен на Македонската берза?

На Македонската берза за хартии од вредност  вчера е остварен вкупен промет од 34,6 милиони денари  преку 98 трансакции.

Од вкупно тринаесет хартии со коишто се тргуваше, дури девет беа добитници, една беше во минус и три без промена.

Индексот МБИ10 порасна за 0,57% и моментално изнесува 1.815,06 индексни поени.

Промет од над милион денари забележаа пет хартии од вредност. Акцијата на Стопанска банка АД Битола со 10,5 милиони денари е прва на листата, а зад неа се акциите на ЗК Пелагонија со 7,9 милиони (преку блок трансакција), Комерцијална банка 5,6 милиони, Охридска банка 5,5 милиони и Алкалоид 1,8 милиони денари. Солиден промет имаше и со акциите на уште две други банки и тоа: НЛБ банка (0,8 милиони) и Стопанска банка АД Скопје (0,5 милиони).

Кај обврзниците без изненадување и промена на цените, а тргување имаше со РМДЕН15 и РМДЕН06.

Слично

Поврзани вести