Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкав процент од Србите би ја признале независноста на Косово?

Колкав процент од Србите би ја признале независноста на Косово?

65 проценти од Србите се против независноста на Косово. 85 отсто од испитаниците не знаат каков е планот на Владата на Србија за Косово

Aко утре се одржи референдум за независност на Косово, 64,9 проценти од испитаниците изјавиле дека би гласале „против”, 13,6 отсто кажале дека не би излегле на гласање, 12 проценти одговориле дека не знаат како да гласаат, а 9,5 отсто би гласале „за”.

Дека Косово не е изгубено, рекле 46 проценти од граѓаните, 39 отсто мислат дека е така, а 15 проценти се неодлучни.

Ова се резултатите од анкетата на Институтот за европски работи на тема „Ставовите на граѓаните на Србија кон Косово”. 

Меѓу Србија и Косово нема напредок во преговорите. 

Koсовските претставници во Брисел побарале одговор кога Србија ќе го признае Косово. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ повтори дека никогаш нема да го признаат Косово. Тој вели дека не се сложил со она што го предлага косовскиот премиер Албин Курти. 

Вучиќ објасни дека не го навредил нити опцул Курти. 

Слично

Поврзани вести