Koлкав процент од Германците работат од дома?
Во Германија 25 проценти од вработените повремено или постојано работат од дома.
Во најновиот извештај на германскиот Федерален завод за статистика се наведува дека неколку години по завршувањето на пандемијата Ковид-19 една четвртина од вработените сè уште делумно или целосно работат дома.
Германија со 25 проценти од вработените кои повремено или целосно работат од дома е над просекот на Европска Унија од 23 отсто.
Во Холандија дури 52 проценти од вработените работат од дома, во Шведска – 42 отсто, додека во Романија и во Бугарија нивниот процент изнесува четири.
foto freepik.com/jcomp
Слично
