Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкав приход прокнижи „Скопски пазар“ за девет месеци?

Колкав приход прокнижи „Скопски пазар“ за девет месеци?

„Скопски пазар“ АД – Скопје во првото полугодие од 2016 година оствари добивка од 15.668 милиони денари.

Од оваа компанија на Македонска Берза  соопштуваат дека остварените вкупни приходи во периодот Јануари – Септември 2016 година изнесуваат 554.462 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат промена од (28)%. 

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 92%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2015 година бележат промена од (28)%.

Остварените вкупни расходи во периодот Јануари - Септември 2016 година, според објавеното изнесуваат 536.225 милиони денари и во споредба со истиот период од 2015 година бележат пад од (26)%. Забележан е пад на оперативните расходи од (27)% согласно воспоставената политика на економичност и засилена контрола на трошоците.

Вкупните инвестиции во нематеријални , материјални средства , вложувања во недвижности и аванси за инвестиции во периодот Јануари – Септември 2016 година изнесуваат 18.453 милиони денари.

Оперативните приходи се опаднати за (28)%. Ова како што пишува во извештајот се должи на падот на приходите од продажбата во трговијата на мало за (39)% во однос на претходниот период

Зошто „Скопски пазар“ има кредит 35 % поголем од полугодишниот приход од продажба?

„Скопски пазар“ изгуби една милијарда денари приходи од продажба под управата на браќата Давитковски

Колку имот отуѓил „Скопски пазар“ за две и пол години?! Каде се парите?

Слично

Поврзани вести