Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкав приход прокнижи лани компанијата што го оживеа брендот „Брилијант“

Колкав приход прокнижи лани компанијата што го оживеа брендот „Брилијант“

За да правиш бизнис во Македонија не мора да си од Скопје. Ова го докажуваат двете најсилни и наголеми домашни кондиторски компании кои лани имаат приходи од речиси 70 милиони евра. 

Една од нив е „Витаминка“ од Прилеп.

„Витаминка“ е најголемата кондиторска индустрија и лани има приход од 38,35 милиони евра. Заштитен знак на „Витаминка“ е „Стоби Флипс“ производ што веќе пет децении е радост на најмладите во земјава и многу е популарен и во странство. 

„Витаминка“ освен палетата на кондиторски производи неодамна го оживеа брендот „Брилијант“ масло за јадење од Штип купувајќи ја опремата и производниот капацитет. Лани „Витаминка“ и покрај солидниот раст на приходите има пад на добивката и таа изнесува 470.000 евра и е за 17 отсто пониска од претходната 2017 година. „Витаминка“ е голем индустриски генератор за Прилеп и е компанија во целосна сопственост на домашни акционери. 

Најголем поединечен акционер е Симон Наумоски долгогодишен директор на компанијата и „најголем виновник“ за тоа што сега „Витаминка“ е реномиран меѓународен производител. Тој поседува 29,5 отсто од акциите со право на глас, а неговиот син Сашо Наумоски кој оперативно го превзеде управувањето со компанијата поседува 7 отсто од акциите. Во семејството Наумоски има уште 5,2 отсто од капиталот кои ги поседува Марика Наумоска. Покрупни акционери се и Кирил Божиновски и Стефан Игнатоски со по 6 отсто акции, а Наташа Стојковска има 5 отсто од акциите со право на глас. Оваа компанија има вкупно 215 акционери домашни физички лица кои поседуваат 90 отсто од акциите со право на глас.

Слично

Поврзани вести