Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкав економски раст се очекува годинава?

Колкав економски раст се очекува годинава?

Годинава се очекува раст од 4,1 и инфлација од 2,1 отсто. 

Државата годинава излегува од криза и влегува во раст и заздравување, велат од Министерството за финансии. 

„Годинава нема да биде лесна и свесни сме за сите предизвици и за проекциите на Светска банка и ММФ за ковид и очекувањата на инвеститорите. Од аспект на приходите на буџетот се позитивни и очекување веќе во вториот квартал да излеземе од кризата“, наведоа од Министерството за финансии на денешниот брифинг.

Од Министерството за финансии потврдуваат дека цврсто стојат на својата заложба за стабилизирање на долгот и негово позиционирање ниво од 60 проценти од БДП. 

Состојбата со јавниот долг заклучно со 30 јуни оваа година, е дека изнесува 64,4 проценти, додека состојбата на државниот долг заклучно со 31 јули, што е последен податок, е дека тој изнесува 52 проценти.

Слично

Поврзани вести