Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкав економски раст очекуваат македонските власти годинава?

Колкав економски раст очекуваат македонските власти годинава?

Властите годинава очекуваат раст на БДП од 3.7 отсто. 

„Очекуваме економски раст од 3,7 отсто на БДП до крајот на годината, а голема улога во овој раст имаат капиталните расходи кои изнесуваат над 800 милиони евра годинава, како и инвестициите во инфраструктурата во општините“, изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во емисијата “Став на регионот” на ТВ Њузмакс Балкан.

Неговиот ресор како што вели е главниот двигател на капиталните расходи. 

„Влеговме доста амбициозно како Влада и сметаме дека капиталните расходи се срцето на економскиот раст на Македонија. Оваа година очеуваме 3, 7 отсто економски раст од БДП, што ќе биде убедливо најголем раст во регионот. Сакаме да ја вратиме Македонија на старите патеки кога бевме шампиони во економски раст и тоа веќе успеавме да го направиме во втората половина на минатата година, а ова е прва наша целосна година и ќе се видат резултатите”, рече Николоски.

Кажа дека Македонија во моментов е претворена во големо градилиште, каде со владина поддршка со 350 милиони евра за општините се реализираат повеќе од 1.200 проекти.

фото Фејсбук/Александар Николоски

Слично

Поврзани вести