Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкав економски раст очекува Ковачевски во 2023 година?

Колкав економски раст очекува Ковачевски во 2023 година?

Премиерот Димитар Ковачевски за 2023 година прогнозира економски раст од 5 отсто, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели буџетот носи инфлација,а не развој.

Во интервју за МИА, Ковачевски рече дека буџетот не само што е реален, туку и рационален, со што се обезбедува редовна исплата на пензиите, платите и социјалните надоместоци.

„Гледано во износи, Предлог-буџетот за 2023 година има за цел да одговори на тековната криза, со 250 милиони евра директно наменети за справување со истата. Но, тој има за цел и да ја стимулира економијата, за да понатаму се постигнат посакуваните и потребни стапки од 5 проценти економски раст“, вели Ковачевски.

Мицкоски кажа дека во интервјуто на премиерот има многу лаги и манипулации. Се пожали дека во општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ постојано има опструкции, притисоци и инспекциски контроли за да се спречи развојот.

Според премиерот Димитар Ковачевски, цените на лебот и млекото се веќе намалени, со новите мерки цените на основните производи ќе се намалат до 10 отсто. 

Инфлацијата се искачи на 19,5 отсто на годишно ниво.

Трошоците за живот во ноември 2022 година скокнале за дури 19,5 отсто во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). 

Слично

Поврзани вести