Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкав е трговскиот дефицит во периодот јануари – март?

Колкав е трговскиот дефицит во периодот јануари – март?

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 29 663 043 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 72.9 %.

Државниот завод за статистика, oбјави дека вкупната вредност на извозот на стоки од Република  Македонија, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 79 977 866 илјади денари и бележи пораст од 13.1 %  во однос на истиот период од претходната година. 

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – март 2018  година, изнесува 109 640 908 илјади денари, што е за 12.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната  година.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи  со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони  или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и  легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали  (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и  другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – март 2018 година, според вкупниот обем на надворешно трговската размена, Република  Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Слично

Поврзани вести