Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкав е надворешниот долг на Македонија?

Колкав е надворешниот долг на Македонија?

На 30 септември годинава нето надворешниот долг изнесуваше 3.905 милиони евра (или 28% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2022 година, е намален за 51 милион евра, или за 1,3 отсто, велат од Народна банка. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 61 отсто.

„Во текот на третиот квартал од 2022 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 79 милиони евра и изнесува 7.851 милион евра, што претставува 56,3 отсто од проектираниот БДП за 2022 година“, стои во соопштението од Народна банка. 

Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/ND%20NP%20MIP/2022/Soopstenie_dolg_MIP_%D0%9Av.3_2022.pdf.

foto freepik.com/jomnichapa

Слично

Поврзани вести