Колкав е ќарот од членството во ЕУ – Хрватска во плус за 40 милиони евра
Според податоците на хрватското Министерство за регионален развој, Хрватска во изминатата година во Буџетот на ЕУ уплатила околу 532 милиони евра, а од европската каса искористила 577 милиони евра. Засега е во плус од околу 45 милиони евра.
Сепак од опозициската партија ХДЗ располагаат со поинакви податоци. „Република Хрватска во овие 13 месеци уплати околу 532 милиони евра во европскиот буџет, што требаше да и овозможи искористување на речиси две милијарди евра за инвестиции и проекти за само една година. Толку требаше да сед реализира, а кај нас де реализирани само 131 милион евра“, вели хрватската европарламентарка од ХДЗ Ивана Малетиќ.
Според неа не се работи доволно, а направени се и многу грешки што овозможило исклучително слаба искористеност на средствата. Малку пари се вложувале во подготовка на проектите, со што оваа земја уште не може да го почувствува бенефитот на членството во ЕУ.
Слично
