Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкав е девизниот прилив од туризам?

Колкав е девизниот прилив од туризам?

Во првата половина од годинава има 153,89 милиони долари девизeн прилив од туризам.

Долгорочен одржлив развој на туризмот за инклузивен економски раст на  Македонија е визијата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. 

За првите шест месеци од 2019 година зголемувањето на бројот на туристи e за 4%, додека ноќевањата за 2%, споредбено со 2018 година. Бројот на домашни туристи е зголемен за 5%, додека кај бројот на странски туристи има пораст од 4%. Бројот на ноќевања од домашни туристи имаат раст од 1%, додека остварени ноќевања по основ туризам од странски туристи имаат зголемување од 3%. Најбрзорастечките пазари (по број на пристигнати туристи) споредбено 2018-2019 се Полска (раст на бројот на туристи од 73%), Хрватска има раст од 53%, бројот на туристи од Словенија е зголемен за 32%, бројот на посети од Израел е зголемен за 32%, додека бројот на туристички посети од Албанија е зголемен за 19%.

Слично

Поврзани вести