Колкав е цехот од кризата на невработеноста: Трендот расте
На квартално ниво намалување на невработеноста во земјава регистрира Државниот завод за статистика. Во третиот квартал, стапката на невработеност во земјата достигнува 16,5 проценти, што е 0,2 проценти во споредба со претходниот квартал кога изнесуваше 16,7 проценти. Сепак годинава има раст на стапката на невработеност. Во однос на истиот период лани имаме 12.000 активни вработени помалку, а во однос на претходниот квартал кој заврши на крај на јуни има 8.000 помалку.
Министерот за економија Крешник Бектеши минатата недела изјави дека во земјава околу 15.000 работни места се изгубени за време на корона пандемијата. Толкав ли е вкупниот цех?
Се тврди дека има повеќе лица кои секако биле ангажирани без договори односно во сивата економија.
Во првиот квартал стапката на невработеност беше 16.2 отсто.
