Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкав е бројот на станови градени во октомври?

Колкав е бројот на станови градени во октомври?

Во октомври е предвидена изградба на 675 станови со вкупна корисна површина од 52 163 м2.

Во октомври 2016 се издадени 291 одобрение за градење што е за 10.7% помалку во однос на истиот месец од лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 824 182 илјади денари што е за 44.1% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 187 (64.3%) се наменети за објекти од високоградба, 36 (12.4%) за објекти од нискоградба и 68 (23.3%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 291 објект, на 193 (66.3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 98 (33.7%) објекти инвеститори се деловни субјекти.



Слично

Поврзани вести