Колкав е бројот на луѓе во светот кои живеат со помалку од 2.15 долари дневно?
Според податоците на Обединетите нации(OН), повеќе од 700 милиони луѓе во светот живеат со помалку од 2,15 долари дневно, што е под границата на екстремна сиромаштија.
Војните, климатските промени, зголемувањето на цените на храната и енергијата, како и глобалната економска криза, ја влошуваат состојбата на најранливите категории – децата, жените, старите лица и лицата со попреченост.
Според Евростат, повеќе од 95 милиони Европејци живеат на работ на сиромаштија или социјална исклученост. Во земјите од Западен Балкан, ситуацијата е уште потешка, бидејќи голем број семејства преживуваат со минимални приходи, додека социјалните политики често се недоволно ефикасни.
foto freepik.com
Слично
