Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкав бил прометот во индустријата во мај?

Колкав бил прометот во индустријата во мај?

Прометот во индустријата во мај годинава споредено со мај лани е  зголемен за 13,2 проценти.

Овие податоци ги објави денеска Државниот завод за статистика. Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во мај оваа година во однос на мај лани, бележи опаѓање од 1,1 процент, а прометот остварен на странските пазари е со пораст од 17,6 проценти.

Споредено по сектори, прометот во индустријата во секторот „рударство и вадење камен“ во мај годинава, во однос на мај лани е намален за 46,3 проценти, а во секторот „преработувачка индустрија“ е евидентиран пораст од 15,7 проценти.

Слично

Поврзани вести