Колкав беше прометот на берзата лани?
На сите берзански пазари лани е остварен вкупен промет од 2,92 милијарди денари од класично тргување.
Сумата од тргување во блок трансакции изнесува 1,817 милијарди денари.
На официјалниот пазар лани е регистриран промет со акции и обврзници вреден 2,84 милијарди денари и уште 1,067 милијарди денари во блок трансакции со што токму официјалниот пазар го дал најголемиот удел во прометот на берзата.
Најголемо учество во таа структура имаат триесетината акции кои котираат на сегментот „берзанска котација“ и нивниот промет изнесува над 20 милиони евра односно 1,289 милијарди денари во класично тргување. Во блок трансакции е направен промет што надминува половина милијарда денари.
Минатата година берзата ја завршила годината со добивка од 3,9 милиони денари.
