Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛИНДА ГРАБАР-КИТАРОВИЌ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО: Бара итна меѓународна помош за поплавите во БиХ

КОЛИНДА ГРАБАР-КИТАРОВИЌ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО: Бара итна меѓународна помош за поплавите во БиХ

Eкс хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ на Фејсбук повика на итна меѓународна помош за Босна и Херцеговина поради поплавите.

Според медиумите има 20 загинати и поголем број исчезнати. 

„Искрено сочувство до семејствата на жртвите од тешката природна катастрофа во Босна и Херцеговина, со надеж дека ситуацијата ќе се смири што поскоро, а исчезнатите ќе бидат пронајдени живи. Во знак на солидарност со БиХ, повикувам на итна меѓународна помош за соседната земја и погодените подрачја“, објави Грабар-Китаровиќ на Фејсбук.

Поплава има во јужните делови на БиХ. Во Јабланица, луѓето беа евакуирани со хеликоптери. Трудница во 8-ми од месец од бременоста го загуби бебето. 

Месните заедници погодени од поплавите Кисељак, Фојница, Јабланица, Коњиќ и Крешево – добија по 50.000 марки од Кабинетот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик. 

Слично

Поврзани вести