Колера во Грција?
Центарот за контрола и превенција на болести во Грција ја повика јавноста да превземе мерки, откако беше соопштено за наводен случај на колера на островот Кос - туристичка дестинација и влезна точка за мигрантите од Блискиот Исток и Азија.
Од центарот велат дека 79-годишен холандски турист бил префрлен од Кос на истражување и лекување во атинска болница со симптоми на колера (тешка дијареа и висока температура), но дијагнозата се уште не е потврдена.
„Ние ги извршуваме дополнителните истражувања со цел да се избегне опасноста од ширење на заразна болест“, се вели во соопштението на центарот.
Властите го повикуваат населението да ја почитува строгата хигиена пред потрошувачката на храната и водата.
Слично
