Колемишевски официјално нов член на Надзорен одбор на МБПР
Кирил Колемишевски со одлука на седница на Владата на Република Македонија беше избран за нов член на Надзорниот одбор на Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје.
Одлуката која е донесена пред речиси шест месеци неодамна е одобрена и од страна на Димитар Богов, гувернерот на Народна банка на РМ.
Главни активности на МБПР се промоција на извозот преку кредитирање и други форми на поддршка, обезбедување на поддршка за развојот на малите и средни трговски друштва преку одобрување на инвестициски кредити, како и осигурување на наплатата од извршениот извоз од комерцијални ризици на краток рок.
Кирил Колемишевски кој на јавноста и е многу повеќе познат како член на бендот „Нокаут“ е искусен адвокат кој се занимава со стопанско право.
