Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колемишевски бара од PayPal да продава македонски производи

Колемишевски бара од PayPal да продава македонски производи

Заменик министерот за економија Кирил Колемишевски денеска се сретна со Венко Глигоров, застапникот на PayPal во Македонија, и изрази подготвеност да се работи во насока на продажба на македонските производи на странските пазари.

Оваа услуга засега е само достапна за купување на странски производи од граѓаните на нашата земја и тоа е овозможено од државата, но нема можност за продажба на македонските во странство.

„Одлична средба денеска со Венко Глигоров, еден  од нашите најискусни претприемачи и претставникот на приватната иницијатива за воведување на PayPal и останати платежни процедури.

Преку овозможување на PayPal сметам дека има голем потенцијал на македонската економија, нашите производи и услуги да се најдат на светскиот пазар. Ова особено е корисно за микро и малите фирми, поединците и професионалците, чии услуги и производи се барани во Европа и Светот“, објави Колемишевски.

Колемишевски најави дека заедно со Глигоров же се заложат македонската економија да го динамизира и да овозможи услови за поголем извоз на македонските производи и услуги.


Слично

Поврзани вести