Колапсот на еврозоната никогаш не бил поблиску!
Њујоршкиот дневен весник „Волстрит Журнал“ пишува дека распадот на еврозоната никогаш не бил поблиску.
Ова весникот го пишува откако еврото падна на најниско ниво наспроти доларот за последните девет години после шпекулациите дека Европската централна банка наскоро ќе ја прошири програмата за монетарните поттикнувања поради избегнување на дефлацијата.
Минатата година, според пишувањето на американскиот весник, требало да биде година на излегување на еврозоната од должничката криза, однсно година на враќање на економскиот раст на здрави темели.
Меѓутоа, изгледа дека не одело се по планот, се наведува во текстот. Иако економијата на еврозоната минатата година излезе од двојната рецесија, економскиот раст во 2014 од дури 0,8 одсто бил значајно помал во однос на претходните прогнозирани 1,2 одсто, додека инфлацијата се приближила до опасно ниското ниво, т.е на нула, што предизвикало загриженост во поглед на одржливоста на долгот.
Американскиот весник затоа се запрашал што е тоа што тргнало на лошо во еврозоната во минатата година, наведувајќи три фактори кои се причина на кризата во еврозоната.
Како прв фактор, весникот го наведува влијанието на бавниот економски раст во Кина и другите земји во развој.
Втор фактор од влијанието на пролонгирањето на кризата во еврозоната, според „Волстрит Журнал“ претставува украинската криза и санкциите кои Европската унија ги воведе на Русија, како и возвратните мерки на Москва, санкциите, се констатира во текстот , посебно лошо се одразиле на економијата на Германија.
Како трет фактор се наведуваат интерните проблеми во еврозоната, како структурните проблеми кои продолжиле да сметаат на обновата на многу европски економии, посебно земјите на јужна Европа, спречувајќи го префрлувањето на капиталот и работната сила во местата каде би биле продуктивни.
