КОЛАПС НА АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА: Европските гиганти бележат невиден пад, Хјундаи во добивка
Бројот на нови
возила регистрирани во регионот во 2022 година падна на најниско ниво во последните
30 години
Пазарот на патнички автомобили во Европската унија се намали за 4,6 отсто минатата година на само 9,3 милиони единици, што е најниско ниво во блокот од 1993 година, објави Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).
Според извештајот, падот главно се должи на влијанието на недостигот на компоненти во првата половина од годината.
Сепак, пазарот се подобри од август до декември, со зголемување на регистрациите на нови автомобили за 12,8% во последниот месец од годината. Севкупно, во 2022 година само Германија успеа да постигне раст (+1,1%) меѓу четирите најголеми пазари во ЕУ.
За ова придонесе и силниот резултат во декември, објави АЦЕА. Сите други три пазари беа полоши од 2021 година, при што Италија забележа најголем пад (-9,7%), пото Франција (-7,8%) и Шпанија (-5,4%).
Продажбата на автомобили од групацијата Фолксваген (вклучувајќи ги Шкода, Ауди, Сеат, Порше и други) во Европската унија падна за 5,2 отсто минатата година, соопшти ACEA.
Производителот на автомобили Stelantis забележа пад во продажбата од 14,1%, додека продажбата на Renault Group падна за 4,3%, а продажбата на BMW опадна за 5,1%. Продажбата на Mercedes-Benz беше практично на исто ниво како во 2021 година, со 549.023 единици.
Во меѓувреме, јужнокорејскиот Hyundai (вклучувајќи го и Kia) ја зголеми продажбата на возила во ЕУ за 2,6%.
ФОТО: EPA/BARBARA WALTON