Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛАПС ИЛИ БУМ: Скокачки инвестиции на државен трошок!

КОЛАПС ИЛИ БУМ: Скокачки инвестиции на државен трошок!

Годинава, Дирекцијата за технолошко развојни зони раполага со еден од најголемите буџети, повеќе од 13 милиони евра, пари кои најголем дел завршуваат за опремување, градежни зафати и приспособување на слободните економски зони. Со милионски суми располага и Агенцијата за странски инвестиции. И двете државни институции се дел од “фронтот“ за освојување и привлекување на странски капитал. Политиките на субвенционирање на странците продолжуваат – исто како и прашањето колку им даваме а што добивме од странските инвеститори?

Моделот треба да се менува ?

Мора и треба да се преиспита сегашниот концепт на привлекување на странски инвестции. Дел од економистите, но и бизнисмените се погласно упатуваат пораки до идната Влада да го стави под лупа сегашниот модел, кој од 2007 до сега е завиен под закрила, пред се на нетранспарентност. Во една од своите последни колумни, економистот Крсте Шајноски оценува дека земјата мора да го надмине волунтаристичкиот популизам и да се врати на принципите на пазарно стопанисување, поддржани со соодветни државни интервенции. Но во пакет со имени на моделот на привлекување странски капитал .

“Во овој контекст треба да се преиспита и начинот на привлекување на странски директни инвестиции, особено секторите во кои можат да вложуваат. Што да градат домашните претприемачи и менаџери, кога на странците им се обезбедуваат многу поповолни услови и за капацитети кои без проблеми можат да ги изградат и со нив да стопанисуваат и домашните бизнисмени? Да не зборуваме за субвенционирањето на придонесите од платите на вработените во ТИРЗ-овите. Комплетно економски неоправдан е потегот со буџетски пари на домашните бизнисмени да им се создава нелојална конкуренција“, вели Шајноски.

Сегашниот модел на привлекување на странски инвестции е погрешен, пред поради тоа што е нетранспарентен, бидејќи не знаеме колку од нашите буџетски пари завршуваат во џебовите на странците – вели стопанственикот Фатмир Битиќи од Комората на северозападна Македонија.

Од Комората на севрозападна Македонија остануваат на ставот дека досегашниот концепт на кој се потпираат странските директни иневстции е дискриминаторски за домашните фирми, и затоа е време да се размислува за промени.

“Политиките за поддршка на домашните компании се дискриминирачки во однос на стрaнските кои пак имаат премногу бенефити од даночни олеснувања. Од друга страна јавноста не знае колку изнесува вредноста на тие субвенции. Овие политики влијаат врз креирање на нелојана конкуренција, а пак тоа е еден од главните фактори поради кој домашните добавувачи не можат да влезат во синџирот на понуда на страските компании. Дискриминацијата се препознава уште на стартот, со тоа што домашните компании имаат поголем товар по основ на ДДВ за 18%, и придонеси за плати од околу 40% ,што секако влијае врз нивните цени. Да не ги споменувам другите давачки кон државата. Приватниот сектор е оставен сам на себеси, за да си преживее коклу може и колку умее без помош од државата“ – вели Битиќи.

Актуелната политика на првлекување на странски инвестции се отслика и во годинашниот Буџет. Растат парите с кои располагаат институциите надлежни за странски инвестиции. Така, Буџетот на Агенцијата за странски инвестиции во 2017 година изнесува 5,6 милиони евра  а на  Дирекција за технолошки индустриски развојни зони 13,1 милион евра.

Големи ветувања, а какви се остварувањата?

Дел од политичките партии регираат дека ни се случува постојано одлевање на буџетски, државни пари за поддршка и субвенции а од друга страна, ефектите за вкупната економија бавно се отсликуваат.

“Власта потроши најмалку 200 милиони евра за привлекување странски капитал. Во изминативе 10 години од буџетот на Република Македонија се одвојуваа по 20 милиони евра годишно само на име и на сметка на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и Дирекцијата за трговско-индустриски развојни зони. Ако се земе предвид дека за одредени странски инвестици се издвојуваа средства и од други институции, како фондовите за здравствено и за пензиско осигурување, општините, јавните претпријатија и други, јасно се потврдува дека најавената економската преродба на ВМРО-ДПМНЕ ја чини Македонија повеќе отколку што добила за возврат“, реагираа од ЛДП.

Во едно од последните интервјуа, екс премиерот Никола Грувески најави дека повеќе од 10 странски компании биле  блиску до одлука да инвестираат во Македонија, а се работело со уште стотина други за потенцијални инвестиции

“Донесовме и крупни мултинационални компании кои изградија фабрики и нудат нови работни места за луѓето во тие региони, како Леар во Тетово која отвора 2500 нови работни места, Ки сејфати системс во Кичево со најмалку 1000 нови работни места во првата фаза, и планирани уште најмалку 600 во втората фаза, германските ОДВ Електрик и Костал, двете во струшко охридскиот регион, каде и двете отвораат по 1000 работни места. Ние не можеме да се делиме по етничка припадност. Живееме во мала држава, и се што се инвестира секому може и му е од корист“, изјави во интервјуто за косовски Експрес, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Груевски.

Базата на податоци„Странски инвестиции под лупа“изработена од БИРН Македонија открива дека од најавените странски инвестиции од речиси четири милијарди евра, инвестирани се само 570 милиони евра и дека странскитеинвеститори инвестирале седум пати помалку од најавеното и отвориле три пати помалку работни места отколку што ветиле

Струдијата опфатила 138 инвестиции што биле најавени или промовирани од Владата во период од 2007 до 2016 година. Тоа покажува дека дури 43 од најавените странски инвестиции воопшто не се реализирани или, пак, се пропаднати, што е речиси третина од вкупниот број инвестиции опфатени во базата.

Според последните објавени податоци на Народната банка, во третиот квартал, вредноста на СДИ изнесувала 9,7 милиони евра или само 0,4% од БДП. Ова ниво е најниско во текот на 2016 година. Во првиот квартал, странските инвестции изнесувале 5,1% од БДП а во вториот квартал 1,5% од БДП, со што намалувањето на уделот продолжува и во третиот економски квартал од 2016 година.


Слично

Поврзани вести