Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкава е сега и колкава ќе биде заштедата на граѓаните во банките за една година

Колкава е сега и колкава ќе биде заштедата на граѓаните во банките за една година

Депозитите на граѓаните во банките на крајот од 2019-та ќе изнесуваат 277,2 милијарди денари, што значи дека заштедата од пет милијарди евра ќе наближува следната година. Пред точно една година штедачите имаа 4 милијарди евра во банките и штедилниците, а според финансискиот план на Фондот за осигурување на депозити за 2019, на крајот од минатата година на орочените сметки сумата стигнала до 257,7 милијарди денари.

Во 2019 година штедните влогови ќе бидат во постојан месечен пораст со годишен раст на базата од 7,5 проценти. Динамиката на пораст се очекува да се вивне во декември, односно во последниот месец годинава со 1,9 отсто зголемување. Лани за една година депозитите на населението забележаа раст од  8,69 проценти, еден од највисоките во последно време. 

-Показатели за растење на довербата се и пораснатите депозити во текот на оваа 2018 година, што се најзабележителни во последните три години, изјави тогаш директорот на Фондот за осигурување на депозитите Борче Хаџиев.

Според поседниот квартален извештај на Народна банка, растат и денарските, но и девизните депозити. Населението во последните три месеци во 2018-та ја зголемило заштедата за 3,5 отсто во однос на претходниот квартал, но и претпријатијата за 1,1 отсто.

Најмногу растеле поголемите краткорочни депозити. Растот на заштетите на домаќинствата бил во просек за 5,2 отсто повисок. Исто така и претпријатијата бележат тримесечен раст на заштедите од 4,2 отсто со тоа што кај нив долгорочните заштеди се во пад.

Каматните стапки за вкупните примени депозити во ноември изнесуваат 1,7 отсто, односно  1,4 отсто.

А.К.

Слично

Поврзани вести