Кока Кола за прв пат во историјата ќе работи со топли напитоци
Кока-Кола се согласи да го купи вториот по големина синџир за кафе во светот - брендот Коста од британската Whitbread Plc (WTB.L) за 5,1 милијарда долари, вклучувајќи го и долгот.
Двете компании во петокот рекоа дека Кока-кола, една од најголемите групи за безалкохолни пијалаци во светот, ќе купи речиси 4.000 продавници на Коста на пазарите како Велика Британија, Европа и Кина, откако одборот на Whitbread едногласно го поддржа договорот.
Акциите на Whitbread скокнаа за 19 отсто во почетокот на тргувањето, при што дилерите велат дека куповната цена е поголема за 700 милиони фунти (911 милиони долари) од очекуваното.
Купувањето на најголемиот синџир на кафе по "Старбакс" го потврдува мотивот на Кока-Кола да се диверзифицира подалеку од газираните пијалаци и повеќе да се ориентира на потрошувачите што се свесни за своето здравје, откако многу земји почнаа да воведуваат поголеми даноци за производи што имаат концентрација на повеќе шеќер.
"Топлите пијалоци е еден од ретките сектори каде што Кока-кола нема глобален бренд", рече извршниот директор на Кока-Кола, Џејмс Квинси. "Коста ни дава пристап до овој пазар со силна кафе-платформа."
Семејството Ротшилд ја советувал Кока-кола за договорот.
