Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИКОЈ НЕ ОЧЕКУВАШЕ: Кока Кола почна да му горчи на Бафет!

НИКОЈ НЕ ОЧЕКУВАШЕ: Кока Кола почна да му горчи на Бафет!
Има денови во кои човек би сакал да остане во кревет или дури цела недела. Оваа недела сигурно е таква за бизнисменот Ворен Бафет. Бизнис развојот на IBM уништи во понеделник наутро околу 1 милијарда долари од инвестициското портфолио на Бафет, кој вклучува 70 милиони акции на компанијата. Уште 450 милиони долари исчезнаа во вторникот. Кон тоа сепак се додадоа и тримесечните резултати на Coca-Cola - апсолутните омилени акции на Бафет. А компанијата најави планови за реструктуирање, разочарувачки резултати и програми за намалување на трошоците. Бафет поседува 400 милиони акции на Coca-Cola, што ја прави втората најшироко застапена компанија во неговиот паричник. По објавувањето на тримесечните резултати акциите загубија 6% од својата вредност, бидејки ја намалија до околу 40 долари - најголем пад на курсот во рамките на последните три години. И така Бафет загуби за неколку часови уште 1 милијарда долари. Само во однос на една од компаниите големи губитници во последните денови Бафет покажа свесност - McDonald's. Со овие акции "Оракалот од Омаха" веќе се раздели. "Резултатите ни се под очекувањата во сите индикатори", изјави главниот извршен директор на концернот Дон Томпсон. Компанијата, која има над 35 илјади установи во светот, истакна дека очекува предизвиците да продолжат и во тековното тромесечје и глобалната продажба да имаат пад и во октомври. Ова сепак е слаба утеха имајки ги в предвид вестите од седиштето на Coca-Cola. Компанијата нема да успее да ги постигне своите цели за растот за 2014 година и не предвидува подобрување и за 2015 година. Истовремено најголемиот производител во светот на засладени освежителни пијалоци започна програма за намалување на трошоците во износ од 3 милијарди долари до 2019 година. Во февруари обложената за заштеда цел беше од "само" 1 милијарда долари. Но во изминатиот трет квартал добивката се намали изненадувачки силно со 14%. Концернот се откажа од целта утврдена за големината на профитот во тековната година, посочувајќи дека веќе не очекува силен раст, а валутните флуктуации веројатно ќе имаат негативно влијание врз резултатите и во 2015 година. Главниот извршен директор Мухтар Кент сепак не се самокритикува особено. "Многу сериозно го прегледавме прогресот и утврдивме дека иако на сме на прав пат, се движиме премногу бавно и во тесни граници". За сметка на тоа, други не штедат критиката: за голем број аналитичари не е сигурно дека намалувањето на трошоците може да ја врати компанијата на вистинскиот пат. Навистина при сите свои јавни настапи Бафет речиси никогаш не може да се види без шише Coca Cola во раката, но други истакнати поддржувачи од финансискиот свет практично се отсутни. Coca-Cola го пропушти трендот за оддалечување од засладени пијалоци, гласи критиката. Стравувањата од дебелината и дијабетес се посилно го привлекуваат јавното внимание во индустриските земји и земјите во развој. Независно од тоа класичните пијалоци на Coca-Cola се уште се моторот на групата. Но и ветришта се посилни. Mc Donald's, најголемиот клиент на Coca-Cola, исто така, е во неволја. Неговите предлози за менија со големи чаши од напитокот на ниска цена се под вкрстен оган од критики. Во Њујорк дури може да бидат забранети со локална одредба. McDonald's ги губи клиенти на сметка на конкурентите како Chipotle, амбициозен мексикански синџир за биохрана. Покрај тоа, компанијата ги зголемува цените, за да се справи со поскапувањето на суровини како свинско и говедско месо. Профитот на најголемиот синџир за брза храна во светот се распадна за 30 отсто во изминатото тримесечје. Кај Coca-Cola нема толку голем пад на профитот. Но, податоците за продажбата се алармантни. Приходите спаѓаат малку од 12 до 11,98 милијарди американски долари. Во однос на газираните пијалоци - на пример класичната Cola - во претходниот месец има запирање на растот, но во споредба со претходната година е забележан мал раст од еден процент. Безалкохолните газирани пијалоци ја зголемуваат продажбата со пет отсто во споредба со претходната година. Чаевите, вода и енергетските пијалаци исто така имаат сериозен раст, но овошните пијалаци и фитнес пијалоците натежнуваат врз резултатот. Кент има намера да ја концентира компанијата над развојот на марките и да ја стави надвор од капиталната дистрибуција која при тоа е со ниски маржи. Основен елемент во неговата стратегија е распродажба на северноамериканскиот бизнис со флаширање на партнерите со франшиза. Планот треба да биде имплементиран до 2020 година. Со тоа сепак Кент нема да си освои спокојство. Во понеделникот акционерскиот активист Дејвид Винтерс од Wintergreen Advisors изрази острата критика: "Coca-Cola вложува премногу малку напори за да заштеди на трошоците. Време е да го заживее бизнисот ". Coca-Cola е седмата по големина позиција во портфолиото на Wintergreen. Изјавите на Винтерс се судруваат со особено внимание во седиштето на производителот во Атланта. Во април активистот зборуваше против новите планови за обесштетување на највисокото раководство кои тој го нарекува "срамно високи и некомпатибилни со оние од последните години". Дури и Бафет не бил фасциниран од плановите. "Не можам никогаш да гласам против овие луѓе, но не можам и да гласам за планот". Затоа тој се воздржа од гласање во рамките на Генералното собрание на акционерите, со што практично "Оракл од Омаха" ќе наметне максимална казна за менаџментот на компанијата. Во почетокот на октомври потоа Управниот одбор се откажа од плановите и чувствително ги намали годишните плати на Кент и неговите колеги - токму навреме за слабиот тримесечен извештај. K.K.
Слично

Поврзани вести