Кока-Кола ХБК инвестира 8,2 милиони евра во заедницата
Кока-Кола ХБК си постави седум нови цели за одржлив развој кои планира да ги исполни до 2020 година.
Тие се насочени кон намалување на влијанието врз животната средина, подобрување на ефикасноста на производството, развојот на заедниците и работа во поддршка на 17-те глобални цели за одржлив развој на ОН. Неодамна компанијата беше прогласена и за светски лидер во одржливиот развој во категоријата „Пијалоци" во рангирањето на Дау Џонс (DJSI).
До 2020 година компанијата има намера да: користи 40% од вкупната енергија од обновливи и чисти извори на енергија, да рециклира барем 40% од пакувањето на производите на пазарот, да воведе употребата на рециклирани (или произведени од обновливи материјали) ПЕТ амбалажа, кои ќе бидат барем 20% од вкупната количина лансирани на пазарот и слично.
Во последните неколку години Кока-Кола ХБК ја намали употребата на вода со 2,1 милијарди литри, што е еквивалентно на чаша вода за секој човек на планетата. За последните пет години глобалниот јаглерод од производите на компанијата беше намален со 1,07 милиони тони, како резултат од инвестирањето во нискокарбонски технологии и технологија за енергетска ефикасност. Тоа е еднакво на годишните емисии на стакленички гасови на над 200.000 возила. Во 2015 година компанијата инвестираше 8,2 милиони евра - 2,3% од добивката за подобрување на благосостојбата на заедницата.
