Која земја заработи 65 милијарди долари од туризам?
Турција ги објави резултатите од туризмот за 2025 година, кои покажуваат дека земјата била домаќин на 64 милиони туристи и заработила 65 милијарди долари.
Ова претставува историски рекорд, потврди министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Нури Ерсој.
Министерот Ерсој откри и дека приходите од туризам минатата година изнесувале 65 милијарди и 231 милион американски долари.
„Нашата цел е 68 милијарди долари во 2026 година“, рече Ерсој и нагласи дека турскиот туризам сега станал сила не само на регионално ниво, туку и на глобално ниво, според Светската туристичка организација на Обединетите нации.
Тој потсети дека во 2017 година, Турција била на 8-мо место меѓу земјите со најголем број туристи во светот, додека до 2024 година се искачила на 4-то место. Ерсој, исто така, изјави дека Турција била на 15-то место во 2017 година кога станува збор за приходи од туризам, но до 2024 година се искачила на 7-мо место.
foto freepik.com
