Која земја во регионот е најдобра за инвестирање?
За инвеститори Србија е подобра од Црна Гора, Македонија и БИХ, а полоша од земјите од ЕУ, покажува истражувањето на Американската стопанска комора.
Како најлоша ставка во истражувањето се наведуваат реформите во јавните претпријатија, реформи во јавните набавки и фискализацијата.
„Го пофалија буџетскиот суфицит и многу компании се трезвени оптимисти и се надеваат дека ќе инвестираат во Србија“ - вели Амалија Павиќ од компанијата AmCham.
Новиот Закон за работа ги вклучи 70% од забелешките на инвеститорите.
Тоа беше клучна реформа на српската Влада.
Се оценува дека во последниве две години во Србија се направени важни чекори за закрепнување на економијата.
За 2.5 години во земјата дошле 35 инвеститори кои отвориле 19.000 работни места.
Инвестициите се во вредност од 738 милиони евра.
