Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која земја е рај за пензионерите?

Која земја е рај за пензионерите?
Норвешка е земјата најдобра за живот на пензионерите, потоа следат Швајцарија и Луксембург, покажува листата која ја составила француската банка Натиксис Глобал Менаџмент. На оваа листа се нашле 150 земји, а рангирањето е извршено на основа на квалитетот на здравствена заштита, финансиската ситуација и квалитетот на живот на постарата популација. Но, при составување на листата не се водело сметка за бројот на сончеви денови, ниту за локалната кујна, што не е занемарливо кога станува збор за изборот на идеална земја за живот на пензионерите. Меѓу земјите во кои животот на пензионерите е најдобар се нашле Шведска, Австрија и Финска. Холандија е на седмо место, а потоа следат Данска, Германија и Франција. Словенија е на шестанесеттата позиција, а зад нејзе се Чешка, Словачка, САД и Велика Британија.
Слично

Поврзани вести