Која земја е последна во Европа по приход и потрошувачка?
Податоците на Евростат, покажаа дека Албанија е последна во Европа по приход и потрошувачка по глава на жител.
Евростат денеска објави дека Албанија со 32 отсто од европскиот просек останува последна во Европа. Ова се однесува за минатата година. Македонија има приход по глава на жител од 42 отсто, а за два проценти повеќе има Србија. Босна и Херцеговина има приход по глава на жител од 33 отсто од просекот на ЕУ. Рекордот во регионот го држи Црна Гора со 47 отсто.
Ако се гледа куповната моќ на грашаните, пак Албанија е последна, со 39 отсто од европскиот просек. Во Босна и Херцеговина овој показател е 41 отсто, во Македонија 49 отсто, Србија 52 отсто и Црна Гора 60 отсто. Со години сликата е идентична.
Стандардот на граѓаните во Македонија лани бил нешто подобар во однос на една година претходно, но и натаму значајно заостанува зад просекот на Европската унија.
foto freepik.com
