Која валута е најлоша во светот и зошто?
Фунтата стана најлоша валута и му ја зема титулата на аргентискиот пезос.
Аналитичарите веруваат дека падот ќе продолжи и дека би можел да заврши на ниво од 1,15 американски долари. Причината за ваквите предвидувања е неизвесна инвестиционата клима предизвикана од стравувањата за рецесија и политичка несигурност.
Засега фунтата е најлоша важна валута во светот. Полоша е и од аргентинскиот пезос, затоа што во однос на доларот опадна за 11,7%. Треба да се има на ум дека во случајот Аргентина е втората по големина економија во Јужна Америка, која веќе со години е во економска криза, и каде што годишната стапка на инфлација е 40%.
Фунтата е полоша и од мексиканскиот пезос, јужноафричкиот ранд и кинескиот јуан.
Брегзит ја наруши стабилноста на фунтата.
Слично
