Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која српска општина нема долгови и помага на граѓаните?

Која српска општина нема долгови и помага на граѓаните?
Књажевац иако спаѓа во редот на неразвиени општини, никому не должи ништо и дава низа бенефиции за граѓаните. Благодарение на доброто планирање, последниве години граѓаните добиваат помош за земјоделци, бесплатен јавен превоз за сите без исклучок, ужина за деца во школо, што е доказ дека се води добра економија. „Ред им дојде и на пензионерите. Околу 4.000 пензионери кои примаат пензија под 15.000 динари, добија помош од 3.000 динари“- вели претседателот на општината, Милан Џокиќ. Тој вели дека нема некоја тајна за овие нивни политики и рецептот е едноставен. Кнажевац е општина во источна Србија со околу 18.000 жители.
Слично

Поврзани вести