Која престолнина во регионот е најевтина за живот?
Белград и Тирана се најскапи во регионот, а Приштина е најевтина.
Според средногодишниот индекс на „Numbeo“, којшто важи за најголемата светска база за податоци за животните трошоци, како и за квалитетот на животот, Тирана и Белград се двете најскапи престолнини во опкружувањето. Најевтина во регионот е Приштина, а потоа следат Скопје, Подгорица и Сараево. Индексот на трошоците на животот не ги вклучува трошоците за сместување како кирија или хипотека. Најскапите градови во светот се во Швајцарија, а најниски трошоци за живот имаат градовите во Индија, Пакистан, Шри Ланка и Колумбија. И претходно повеќе истражувања покажаа дека Скопје е еден од најевтините градови во Европа.
foto Wikipedia/dan
Слично
