Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која институција ќе добие најголема инјекција од буџетот за 2019?

Која институција ќе добие најголема инјекција од буџетот за 2019?

Здравството ќе ја добие најголемата финансиска инјекција од буџетот скроен за следната година а 7 милиони евра пари ќе завршат за купување возила и мебел.

За следната година предвиден е историски највисок буџет. Тој е за 300 милиони евра поголем од годинава.

Со цел македоснаката армија да се издигне на повисоко ниво и да ги стигне стандардите на НАТО,  министерството за одбрана е второ кое од буџетот ќе лапне најмногу пари за купување опрема.

Министерот Тевдовски потенцира дека парите од ставките за стоки и услуги за 2019-та и тоа за 33 милиони евра повеќе од годинава не се за луксузирање туку главно станува збор за набавка на возила во здравството, практично возила за брза помош .

3,7 милијарди евра е сумата на која надлежните го скроија буџетот за следната година, и тоа е историски најголем досега.

Слично

Поврзани вести