Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која фирма ќе лапне 4 милиони евра да ги чисти и гланца министерствата?

Која фирма ќе лапне 4 милиони евра да ги чисти и гланца министерствата?

„Серта“ е фирмата што за 4 милиони евра ќе ги чисти министерствата и нивните подрачни единици. Фирмата на Спасо Ѓоргиев на тендер, во конкуренција на уште еден понудувач доби бизнис вреден 4,03 милиони евра во кој ќе треба да ангажира најмалку 197 хигиеничари и хигиеничарки од кои 140 ќе работат за министерствата само во Скопје

Скопската компанија „Серта“ доби 4 милиони евра за одржување на хигиена во министерствата и нивните подрачни единици во земјава. Бизнисот со одржување хигиена „Серта“ го доби на тендер од Службата за општи и заеднички работи на Владата, а договорот е склучен на 20 септември. 
Од податоците кои се достапни во договорот што е јавно објавен и достапен на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/688da3de-4b8e-4d21-b4ee-3cc831949c34 се гледа дека „Серта“ за 4,03 милиони евра има обврска да ангажира најмалку 197 лица (хигиеничарки) кои треба да работат во две смени за потребите на министерствата и нивните подрачни единици. Нивната работа треба да ја координираат и контролираат минимум девет лица.Одговорните лица треба да бидат достапни 24 часа.
Бројот на лица кои „Серта“ треба да ги стави на располагање е најмалку 140 во Скопје и уште 57 лица во другите градови во земјава каде што министерствата имаат свои подрачни служби. Во договорот пишува дека сите детали за локациите и условите се дадени во техничките спецификации кои се дел од договорот, но во објавените материјали достапен е само договорот, но не и техничките спецификации. Во договорот е наведено дека чистењето ќе биде организирано во две смени од кои првата смена ќе биде од 6 или од 7 часот утрината, а втората ќе започне од 13 или од 14 часот. Понудувачот односно „Серта“ се обврзува да обезбеди средства за хигиена и реквизити за работа како и заштитна опрема и униформи за хигиеничарите.

Само двајца понудувачи на тендерот

Од достапните јавни податоци на системот за електронски аукции на Бирото за јавни набавки е видливо дека на тендерот имало само две понуди. Се гледа дека немало многу голем натпревар меѓу понудувачите затоа што највисоката понуда била 3,449 милиони евра (без ДДВ), а добитничката понуда била 3,415 милиони евра односно разликата била 34.000 евра.

„Серта“ е компанија што работи од 1993 година, а на нејзината референтна листа на коминтенти достапна на нивната веб страницаwww.serta.com.mk има повеќе од 30 компании редовни корисници, неколку амбасади и уште педестина повремени корисници на нивните услуги.

Слично

Поврзани вести