Која европска земја ќе има највисок БДП по глава на жител до 2030 година?
Според проекциите, Ирска треба да стане земја со највисок БДП по глава на жител прилагоден според паритетот на куповната моќ (ПКМ) до 2030 година, преземајќи ја водечката позиција од Луксембург. Oва е според прогнозата на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ).
Сепак, оваа бројка треба да се земе со резерва.
Познато е дека БДП на Ирска е вештачки зголемен поради големото присуство на мултинационални корпорации, а Алан Барет, директор на Институтот за економски и социјални истражувања, истакнува дека бруто националниот доход (БНД) дава многу пореална слика за економската сила на земјата. Податоците на Светската банка за БНД за 2024 година потврдуваат дека Ирска дури и не би била меѓу првите четири земји според оваа мерка.
Се очекува Норвешка, Швајцарија и Данска да ги заокружат првите пет, а нивните позиции не се очекува да се променат помеѓу 2025 и 2030 година. Од петте најголеми европски економии, Германија е највисоко рангирана на 12-то место, по што следат Франција (15-то) и Обединетото Кралство (16-то). Италија е на 18-то место, додека Шпанија е на дното од групата, на 22-ро место.
Бруто -домашниот производ (БДП) по глава на жител е клучен индикатор за споредување на економската сила на земјите, а проекциите од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) покажуваат дека тој ќе расте во речиси цела Европа до 2030 година. Сепак, овој раст не значи дека ќе има големи промени во рангирањето на најбогатите земји, бидејќи економиите најчесто се движат синхронизирано.

Анализирајќи ги Светските економски перспективи на ММФ за 2025 и 2030 година, испитавме кој ќе го предводи рангирањето на европските земји според номиналниот БДП по глава на жител и според паритетот на куповната моќ (ПКМ), кој ги зема предвид разликите во цените меѓу земјите, пишува Euronews Business.
Долните девет места во рангирањето се претежно окупирани од земјите кандидати за членство во ЕУ, а Украина, Косово, Босна и Херцеговина, Молдавија и Македонија се на самото дно. Турција е исклучок и за неа се предвидува дека ќе биде на 29-то место во 2030 година, пред трите полноправни членки на ЕУ: Бугарија, Латвија и Грција.foto Wikipedia/Rickard Laurin
