Која европска земја има највисок квартален раст на БДП?
Забавува растот на европската економија.
Економскиот раст во Европа забави на годишна основа во текот на првиот квартал од 2026 година, според податоците на Евростат.
Во еврозоната, растот на БДП се намали од 1,3 проценти во четвртиот квартал од 2025 година на 0,8 проценти во првите три месеци од оваа година, додека во целата Европска унија забави од 1,4 на еден процент.
На квартално ниво, ЕУ одржа раст од 0,2 проценти, додека еврозоната забележа мало забавување од 0,2 на 0,1 процент.
Највисок квартален раст меѓу членките постигна Финска, чиј БДП се зголеми за 0,9 проценти, додека Ирска имаше најслаб резултат со пад од два проценти на економијата во споредба со претходниот квартал.
Податоците од пазарот на трудот покажуваат дека вработеноста продолжува да расте, но со побавно темпо.
Во Еврозоната и ЕУ, вработеноста се зголеми за 0,1 процент на квартална основа, додека на годишна основа, бројот на вработени се зголеми за 0,5 проценти во Еврозоната и за 0,6 проценти во Европската Унија.
