Која европска земја има најмногу, а која најмалку отпад од храна?
Словенија минатата година имаше најмал отпад од храна по глава на жител во Eвропската Унија(ЕУ).
На Светскиот ден на храната, европскиот завод за статистика Евростат ги објави најновите достапни податоци за отпадот од храна во ЕУ.
Во 2023 година, општинските претпријатија во Унијата собраа вкупно 58,2 милиони тони отпад од храна, што изнесува 130 килограми по глава на жител. Словенија беше прва со 78 килограми.
Количината на отпад од храна собрана претходната година беше малку, за 0,7 проценти, поголема отколку во 2022 година.
Ако 130-те килограми отпад од храна собрана по глава на жител се поделат на поединечни сектори, убедливо најголемиот дел (69 килограми) отпад оди кај домаќинствата. Потоа следат производителите на храна и пијалоци со 24 килограми, потоа угостителските објекти со 14 килограми, 12 килограми одат кај примарното производство, односно кај земјоделците, а 10 килограми кај трговците или другите дистрибутери на храна.
Постоеја големи разлики меѓу земјите од ЕУ. Кипар се најде на врвот на листата со 286 килограми, по што следуваше Данска со 261 килограм, каде што економски важната прехранбена индустрија силно се издвои, а Грција беше на третото место со 201 килограм.
Во Португалија, количината по глава на жител беше 183 килограми, што беше исто така повисока од просекот во Ирска (157 килограми), Белгија (146 килограми), Франција (142 килограми), Италија (138 килограми) и Естонија и Германија (131 килограм).
Од друга страна, Словенија беше на дното на листата со 78 килограми, при што домаќинствата учествуваа со 34 килограми, а угостителите со 26 килограми. Бројките во останатите сектори беа многу ниски.
Унгарија се рангираше веднаш над Словенија (88 килограми), додека помалку од 100 килограми отпад од храна по глава на жител беа собрани во Словачка (97 килограми) и Чешка (98 килограми).
Податоците за Бугарија, Романија, Шпанија и Литванија не се достапни, па затоа Евростат го пресметува просекот на ЕУ врз основа на најновите достапни информации за овие земји.
foto freepik.com
