Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која е земјата со рекорден број вработени, а невработеноста повторно расте?

Која е земјата со рекорден број вработени, а невработеноста повторно расте?

Пазарот на трудот во Шпанија регистрираше зголемување од 118.400 вработени во третиот квартал, со што бројот на вработени достигна рекордни 22,39 милиони, покажуваат податоците на Шпанскиот национален институт за статистика (INE).

Сепак, бројот на невработени се зголеми за 60.100 лица, па стапката на невработеност малку се зголеми на 10,45 проценти, објавува Efe.

Растот на вработеноста е придружен со зголемување на активното население, кое за прв пат надмина 25 милиони луѓе.

Вработеноста најмногу се зголеми во индустријата, услугите и градежништвото, додека пад е забележан во земјоделството.

Стапката на договори на определено време е 15,6 проценти, а вработувањето со полно работно време расте.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести