Која е земјата која се приклучи на ЕУ и воведе санкции за Русија?
Швајцарија се приклучи на санкциите на Eвропската Унија(ЕУ) против Русија.
Швајцарија одлучи да се придружи на санкциите на Европската Унија против Русија, се вели во соопштението објавено денеска на веб-страницата на Федералниот совет на таа земја.
„Швајцарија прифати голем број амандмани поднесени од ЕУ како дел од 18-тиот пакет санкции. Овие мерки ќе стапат во сила на 12 август“, се наведува во соопштението.
Списокот на санкции вклучува 14 физички лица и 41 правно лице, чии средства се замрзнати и се воведува забрана за управување со средства.
Слично
