Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која е земјата која ќе избегне рецесија?

Која е земјата која ќе избегне рецесија?

Се смета дека САД ќе ја избегне рецесијата. 

Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF), Кристалина Георгиева изјави дека има сѐ повеќе показатели дека САД ќе ја избегнат рецесијата.  Пазарот на трудот во САД е отпорен, а побарувачката на потрошувачите посилна и покрај кревањето на каматните стапки од страна на централната банка Federal Reserve (Fed) со цел да се сузбие инфлацијата која достигна високи нивоа по повеќе децении. Стопанството имало повеќе диверзифицирани извори на раст.

„Тоа дава некои аргументи за очекувањата дека САД ќе избегнат пад во рецесија. Всушност, би рекла дури дека и доколку бидат во техничка рецесија, таа ќе биде многу блага“, истакна Георгиева.

Но, многу земји ќе влезат во рецесија.  Висока стапка на инфлација има ширум Европа. 

Инфлацијата во Шведска лани, за првпат од 1991 година, надмина 10 отсто, покажуваат податоците на шведскиот Институт за статистика.

Аргентина е земја која урива рекорди. Во 2002 година, Аргентина имала инфлација од 94,8 отсто, што е највисока стапка во земјата по дури 32 години. Ова воедно е и една од највисоките стапки на инфлација во светот забележана лани.

Слично

Поврзани вести