Која е земјата која договори безбеден премин на танкерите низ Ормутскиот теснец?
Тајланд договори безбеден премин на танкерите низ Ормутскиот теснец.
Земјата постигнал договор со Иран со кој се обезбедува сигурен премин на тајландските нафтени танкери низ Ормутскиот теснец. Ова го соопшти премиерот Анутин Чарнвиракул.
„Постигнат е договор кој им овозможува на тајландските танкери сигурен транзит низ Ормутскиот теснец“, изјави премиерот.
Тој додаде дека договорот има за цел да обезбеди непречено движење на нафтените испораки во услови на зголемена чувствителност во овој стратешки важен поморски премин. Откако Израел и САД пред еден месец го нападнаа Иран, иранските власти го попоречуваат транспортот низ Ормутскиот теснец.
Сообраќајот низ Ормутскиот теснец е намален за 95 проценти.
foto printskrin youtube
