Која е земјата каде инфлацијата веќе 15 месеци полека се „топи“?
Турција сега е со најниска стапка на инфлација, но храната сепак е поскапа за 33 отсто.
Годишната стапка на инфлација во државата се намали од 33,5 проценти во јули на 32,9 проценти во август, објави Турскиот институт за статистика (Туркстат).
Ова e најниска стапка од ноември 2021 година и петнаесеттиот последователен месец на забавување на потрошувачката инфлација во Турција.
Цените во транспортниот сектор се зголемија за 24,9 проценти на годишно ниво, во станбените и комуналните услуги за 53,2 проценти, во образованието за 60,9 проценти, во здравствените услуги за 36,6 проценти и во услугите во рестораните и хотелите за 34 проценти. Растот на цените во сите споменати случаи беше побавен отколку во јули
Сепак, цените на храната и безалкохолните пијалоци во Турција се зголемија за 33,3 проценти на годишно ниво, алкохолните пијалоци и тутунот за 29,7 проценти, а во комуникацискиот сектор за 20,6 проценти, што претставува побрз раст во споредба со јули.
Годишната стапка на базична инфлација во Турција, исто така, се намали од 34,7 проценти во јули на 33 проценти во август.
foto freepik.com
