Која е валутата која од вечерва заминува во историјата?
Хрватската куна заминува во историја, а денеска е последен ден на плаќање со оваа валута.
Хрватите до полноќ ќе можат да плаќаат со валутата, а потоа ќе преминат на користење на еврото. Тие веќе се дел од еврозоната. Во првите 14 дена од годинава можеше да се плаќа во куни и во евра. Банките, поштата и Фина ќе разменуваат готовина за сите граѓани во рок од една година од датумот на воведување на еврото. Тоа значи дека од 1 јануари 2023 до 31 декември 2023 година, куни ќе се менуваат за готовина во евра по фиксен курс на конверзија (1 евро = 7,53450 куни).
Инаку, хрватските граѓани се пожалија дека имаат ценовен шок.
Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ пред неколку дена ги повика трговците до петок да се вратат на старите цени кои неоправдано ги покачија.
Дури имаше текстови во медиумите кои укажуваат дека за исти производи цените во Хрватска се повисоки од оние во Германија. Имаше ставови од експерти дека после ова во Хрватска ќе дојде и до зголемување на платите.
foto freepik.com/johan111
