Која е тајната на успех на ТТК Банка во силната банкарска конкуренција?
ТТК Банка успешно ги зголемува приходите од другите банкарски операции кои досега беа во сенка на нето приходите од камати. Билансот покажува ТТК Банка е особено конкурентна кај надоместоците и провизиите, но и дека има одлични резултати од тргување и од курсни разлики. Иако има голем раст на резервациите банката има успешна деловна година. Видливо е зголемено вложување во државни хартии од вредност за сметка на кредитирањето, а значаен раст има и кај вредноста на превземени средства. Банката има солиден успех и кај депозитите кои пораснале за 7 отсто
ТТК Банка, во силната банкарска конкуренција, успеа минатата година на своите акционери да им обезбеди добивка од 725.000 евра. Во услови на силна конкуренција на малите и средните банки и банкарско групирање кое ја зголеми концентрацијата на пазарот, оваа мала банка успеа да го одржи нивото на нето приходи од кредити и да оствари извонредни растови на нето приходите од провизии и надоместоци, од тргување и од крусни разлики.
Кај најголемата приходна ставка нето приходи од камати лани изнесуваат 4,2 милиони евра и тоа е само 4 отсто помалку од претходната година. Овој резултат не може да не се смета за успех со оглед на константното намалување на каматните стапки на нашиот банкарски пазар. За сметка на тоа менаџментот на банката постави и реализирал успешна стратегија за јакнење и оптимизација на приходите од другите важни, а за жал во нашиот банкарски систем потценети приходни ставки.
ТТК Банка успеала лани да понуди конкурентни услуги со кои своите нето приходи од провизии и надоместоци ги зголеми за 31 отсто. Тие лани изнесуваат 3,15 милиони евра. Паралелно со тоа банката успеала да реализира и нето приход од тргување од речиси 90.000 евра, што е неспоредливо подобар резултат од претходната година кога од таа дејност била во минус од 90.000 евра. И во ова време една од најзначаните приходни ставки особено за малите банки нето приходи од курсни разлики. По овој основ банката е нето приход од 180.000 евра што е раст од 17 отсто во споредба со истиот период лани.
Со целиот овој ангажман и оптимизација банката успеала да обезбеди добивка по оданочување од 725.000 евра што е на половина од добивката за 2020 година. Резултатот е ваков заради значајното зголемување на нивото на резервации лани во споредба со 2020 година. Имено лани резервациите за птенцијално ризични кредити изнесуваат 1,67 милиони евра и се тројно зголемени во однос на 2020 година.
Најголеми расходни ставки се трошоците за вработените кои се благо намалени и останати расходи од работење кои се зголемени за 10 отсто.
На страната на билансот на состојба бројките покажуваат дека банката ги оптимизирала вложувањата што значи намалување на кредитното портфолио за сметка на зголемени вложувања во државни хартии од вредност. Така кредити се намалени за 9 отсто и изнесуват 80,3 милиони евра, а вложувања во државни хартии од вредност достигна 25,4 милиони евра или 27 отсто повеќе од 2020 година. Значајно за одбележување во билансот на состојба е и значајниот раст на на вредноста на превземени средства за продажба заради ненаплатени кредити. Тие надминаа 1,5 милиони евра, а биле 41.000 евра во 2020 година.
За истакнување е и тоа што банката ангажирала 7 отсто повеќе депозити и влогови лани во споредба со 2020 година. Нивото на депозити на крај на 2021 година достигна 125,2 милиони евра што е за 7,8 милиони евра повеќе од 2020 година.
Р.Ф.