Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која е причината за загубата на „Комерцијална банка“?!

Која е причината за загубата на „Комерцијална банка“?!
Една од трите најголеми банки во Македонија „Комерцијална банка“ се соочи со најлошиот резултат во последниве неколку години. Не само што нема добивка, туку има и загуба. Периодот јануари – март бил најлош за банката заради тоа што загубата е најголема во споредба со сите други негативни резултати за првиот квартал од 2012, 2013 и 2014 година. Инаку, менаџментот на банката во Коментарот кон финансиските резултати, објавен на берзата, смирува дека негативниот финансиски резултат во значајна мерка се должи на резервациите кои банката морала да ги издвои заради влошената кредитна кондиција на еден голем клиент, чиј назив не се открива. Шпекулациите се дека станува збор за странски  клиент. Загубата изнесува околу 8, 5 милиони евра.
Слично

Поврзани вести