Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која е причината за долгот на ПИОМ кон приватните фондови ?

Која е причината за долгот на ПИОМ кон приватните фондови ?

Откако првично ПИОМ се правдаа дека немаат долгови кон приватните пензски фондови, подоцна признаа дека имаат но, дека се бара трепение да се надминат, денеска е најавено да дадат отчет за долговите.

По тоа прашање од Министерството за труд и социјална работа формираа комисија која што ќе биде задолжена да ги открие причините за трупањето на долгот и заглибувањето на Фондот на ПИОМ се подлабоко.

Премиерот Никола Груевски, највува повисоки пензии и годинава,  но не сакаше да одговара дали државниот фонд за пензиско (ПИОМ) има финансики проблеми, со оглед дека пред само неколку дена приватните пензиски фондови јавно прговорија дека не ги добиваат уплатите за придонеси за идните пензионери што треба да им бидат префрлени од страна на ПИОМ.

„За тоа прашање Ве упатувам до надлежната институција“, кусо одговори Груевски, на прашањето дали какви проблеми има ПИОМ.

На ова прашање пред неколку дена не сакаше да одговара ниту министерот за финансии со став дека министерството редовно му префрла пари на ПИОМ, а за другите детали одговорите да се бараат во таа институција.

„Сите пари што се предвидени во буџетот како трансфер до Фондот за ПИОМ се префрлени навреме и буџетот во таа насока е реализран сто отсто, а останатиот дел од прашањето треба да се упати до Фондот за ПИОМ, “изјави Зоран Ставрески, министер за финансии.

Со ПИОМ раководи кадар на ДУИ, а првите луѓе од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат одговорноста за проблемот да ја лоцираат во оваа институција, упатувајќи одговори да се бараат од директорот Шаип Зенели.

Долговите на ПИОМ воедно ги скараа и партиите.

СДСМ е со став дека ПИОМ  е пред банкрот и бараат одговорност за грабежот што им се прави на идните пензионери, со тоа што не им се префрлаат нивните придонеси во приватните пензиски фондови.

„Во моментов, половина од пензиите во Македонија се исплаќаат на товар на Буџетот затоа што фондот на ПИОМ е пред банкрот а за исплата на пензиите секоја недела Груевски и Ставрески постојано и постојано ги задолжуваат граѓаните со нови долгови. Дополнително, лошата состојба е надградена и проширена со невиден грабеж на приватните пензиски фондови, и тоа со знаење на Груевски и Ставрески, што е кривично дело, стоеше во соопштението на СДСМ од пред неколку дена.

А од владеачката гарнитура пак имаат став дека СДСМ ја издигнала деструкцијата на ниво на партиско обележје.

„На СДСМ им пречи тоа што пензионерите добиваат повисоки пензии. На СДСМ им пречи тоа што македонските пензионери примаат највисока пензија во регионот.Во време на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до денес најниската пензија е покачена за 94%, а просечната за 79%. Оваа година во октомври пензионерите ќе добијат уште едно покачување од 650 денари, сто во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести